За 6 години 500 милиони евра во македонското земјоделие

Bez autora
Mar 11 2012

Овие неколку години како СДСМ е во опозиција немаа доблест и искреност да пофалат макар една мерка што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја направи, се вели во писмената реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од седницата на Агро советот на опозициската СДСМ со коешто се бараше државна субвенција за нафта за земјоделците. Иако знаат дека вложувањaтa во земјоделието од страна на Владата во облик на субвенции, поддршка и слични активности, се многупати поголеми од времето на СДСМ, не можеме да разбереме како за СДСМ нема ништо добро што тие можат да признаат дека е успешно и функционира. Тие потенцираат дека евидентни се предизвиците во земјоделието и оти секојдневно владата на ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за нивно надминување, „преку овозможување на уште поголема поддршка“. Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ја искористија можноста да потсетат дека од 2006 година кога на власт дојде партијата на премиерот Никола Груевски, се спроведени десетина проекти со коишто е зголемено производството во земјоделието, а земјоделците добиле значителни парични субвенции за производство и набавка на средства.

За 6 години 500 милиони евра во македонското земјоделиеОвие неколку години како СДСМ е во опозиција немаа доблест и искреност да пофалат макар една мерка што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја направи, се вели во писмената реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од седницата на Агро советот на опозициската СДСМ со коешто се бараше државна субвенција за нафта за земјоделците.

„Иако  знаат дека вложувањaтa во земјоделието од страна на Владата во облик на субвенции, поддршка и слични активности, се многупати поголеми од времето на СДСМ, не можеме да разбереме како за СДСМ нема ништо добро што тие можат да признаат дека е успешно и функционира“, се вели во дописот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека евидентни се предизвиците во земјоделието и оти секојдневно владата на ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за нивно надминување, „преку овозможување на уште поголема поддршка“.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ја искористија можноста да потсетат дека од 2006 година кога на власт дојде партијата на премиерот Никола Груевски, се спроведени десетина проекти со коишто е зголемено производството во земјоделието, а земјоделците добиле значителни парични субвенции за производство и набавка на средства.

„Во периодот од 2006 до 2012 година ќе се исплатат повеќе од 500 милиони евра за субвенции на македонското земјоделие. Од кои 130 милиони евра ќе бидат дадени како субвенции само оваа година. За да ја прифатиме сериозно грижата од СДСМ за македонскиот земјоделец, најмалку што треба да се направи е таа грижа да биде застапувана од нови и некомпромитирани лица, а не од оние кои што на неколкупати во изминатите години имаа шанса да покажат дека се грижат за земјоделците, а пропуштаа да го направат тоа“, се заклучува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik